ПЛАЗМА КОЛАЧ со крем – Едноставен, брз и многу вкусен…Готов за 30 минути, го јадеме жежок…За секој ден со кафе…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
400 мл млеко
200 мл масло
200 г шеќер
150 г брашно
300 г мелена плазма
1/2 кесичка прашок за печиво
1 лажица какао
Еурокрем за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Јајцата соединете ги со млекото, па додајте масло и шеќер и сето соединете го со жица. Потоа додајте го брашното, какаото, прашокот за печиво и промешајте. На крај сипете ја мелената плазма и повторно соединете.

2.Смесата сипете ја во намастен плех со средна големина и ставете да се пече 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

3.Додека е топол колачот премачкјате го со еурокрем и посипете го со мелена плазма. Можете веднаш да го исечете и послужите, но ако се воздржите оставвете малку да се подизлади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.