Фин, нежен, кремаст колач со плазма кекси. Какао бисквит натопен со млеко и фил од плазма кекси кој има свој, единствен вкус кој сите го препознаваме. Идеален колач за викенд, не е многу сладок и лесно се приготвува. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 јајца,
4 лажици шеќер,
50 мл масло,
3 лажици меко брашно,
2 лажици какао,
5 г прашок за печиво (1/2 кесичка),
150 мл ладно млеко.
ЗА ФИЛ:
90 г шлаг (2 кесички),
200 мл ладно млеко,
700 г кисела павлака,
200 г шеќер во прав,
400 г мелени плазма кекси.
И УШТЕ: шлаг крем од чоколадо и околу 150 мл млеко
ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одвојте ги белките и жолчките во посебни садови.
Пенасто изматете ги белките со миксер, па започнете постепено да го додавате шеќерот со непрекинато матење додека тој да се растопи и да се добие цврст снег.
Во снегот од белки започнете да додавате една по една жолчка, а потоа и маслото во тенок млаз додека сè уште матите.
На крај додајте го брашното помешано со какао и прашок за печиво, најдобро просеано, па полека промешајте додека смесата да се изедначи без грутчиња, а сепак да остане пенлива.
Намастете плех 30х20 см или со приближни димензии и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.
Излејте го тестото за бисквит, рамномерно распоредете го и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна и веднаш намалете на 180 степени.
Бисквитот печете го 20 минути. Кога е печен (проверете со чепкалка) извадете го од рерна, оставете да се подизлади 5-10 минути, па прелијте го со 150 мл ладно млеко.
Значи, топол бисквит (не врел) со ладно млеко. Оставете да се впие и да се олади.
ЗА ФИЛ: Изматете го шлагот со ладно млеко од фрижидер. Посебно изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав додека да се добие мазна, кремаста структура.
Во киселата павлака додајте го шлагот и повторно изматете.
Најпосле додајте ја мелената плазма, па убаво измешајте додека да се изедначи смесата. Нанесете го целиот фил врз кората од плехот, рамномерно распоредете и израмнете.
Изматете го шлаг кремот со млекото, па и него премачкјате го преку филот.
Декорацијата завршете ја по желба, но не мора ништо да се додава. Оставете да се олади во фрижидер најмалку 2-3 часа, па послужете го.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.