Постапката за приготвување на овој колач е премногу едноставна и лесна, но крајниот резултат е нешто што ќе ве воодушеви. Вреди да го пробате зошто вкусот навистина е предобар.
Потребни состојки за кора: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 2 лажици гриз. За прелив на кората: 200 мл млеко и 1 кесичка ванилин шеќер. За фил: 400 г кисела павлака/милерам (20% млечни масти), 100 г кристал шеќер, 200 г мелена плазма, 5-7 лажици изматена слатка павлака
И уште: 350 мл слатка павлака (од вкупната количина кога ќе се измати се одвојуваат 5-7 лажици). Декорацијата останува по ваша желба. Може да ја украсувате го готварски шприц, да ја наросите со рендано чоколадо, мелени лешници, мелена плазма…
Постапка: Во подлабок сад скршете 4 јајца претходно оставени на собна температура и додајте 4 супени лажици шеќер. Изматете ги пенасто си миксер додека шеќерот да се растопи, а смесата да побели и згусне. Потоа додајте 4 супени лажици брашно и 2 лажици гриз.
Продолжите да матите со миксер додека да се изедначи смесата. Калап со димензии 30х20 см намастете го путер или маргарин (тоа може да биде огноотпорен сад, плех или слично). Излејте ја приготвената смеса за кора и распоредете ја рамномерно. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 18-20 минути.
Додека се пече кората, вие пригответе го преливот. Во еден ставете 200 мл млеко и додајте една кесичка ванилин шеќер и промешјте. Печената кора извадете ја од рерна и додека сè уште е топка избоцкајте ја на повеќе места со чепкалка за заби. Потоа внимателно прелијте ја со ладното млеко.
Прелиената кора оставете ја на страна да се олади, а за тоа време пригответе го филот. Во подлабок сад ставете 400 г кисела павлака (најдобро е да користите милерам со мин.20% мм) и додајте 100 г кристал шеќер. Мешајте со лажица неколку минути додека шеќерот да се растопи.
Во смесата додајте и 200 г мелена плазма, па продолжете со мешањето додека да се изедначат состојките во хомогена смеса. На страна, во посебен сад изматете 350 мл слатка павлака додека да добиете шлаг. Од овој шлаг одвојте 5-7 лажици и додајте ги во смесата со плазма.
Најпрво додајте пет супени лажици шлаг, промешајте за да се изедначат, па по потреба додајте уште една или две лажици шлаг. Потребно е да добиете убава кремаста смеса. Кога кората целосно ќе биде изладена, нанесете го филот, рамнимерно распоредете го и израмнете.
Одозгора нанесете го шлагот од изматената слатка павлака, распоредете го и израмнете ја површината. Одозгора можете да декорирате по ваша желба со рендано чоколадо, мелена плазма и сл. Пред послужување изладете ја тортата неколку часа во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.