Комбинациите и вкусовите можете да ги менувате и секогаш ќе имате нов и уникатен десерт во чаша. Ако ви се јаде нешто благо, лесно, кремасто и освежително, а сето тоа да се приготвува многу брзо, тогаш ова е рецептот за вас:

Потребни состојки за чоко-плазма: 1 кесичка шлаг, 150 мл млеко, 200 г мелена плазма бисквити, 50 г шеќер во прав и 50 г чоколадо

За пудинг смеса: 500 мл млеко, 4 лажици шеќер и 1 пудинг од ванила. За шлаг смеса: 2 кесички шлаг крем од ванила и 300 мл млеко. За наросување: 150 г мелена плазма. За декорација: 1 кесичка шлаг, по желба чоко-кекси

Постапка за приготвување на чоко-плазма смеса: Изматете го шлагот со млекото. Во мелените биксвити додајте шеќер во прав, промешајте, па додајте го изматениот шлаг и сето добро соединете го со миксер. Чоколадото растопете го на пареа, па додајте го во изматената смеса. И него соединете го.

За приготвување на пудинг смесата: одвојте малку млеко и во него разматете прашок за пудинг. Остатокот од млекото ставете го со шеќерот да зоврие. Потоа во него додајте ја разматената смеса и на тивок оган варете со постојано мешање додека да згусне.

За шлаг смесата: Крем шлагот изматете со го млекото.

Редење: На дното од десертните чаши ставете по една лажица од чоко-плазма смесата. Потоа додајте две лажици пудинг. Врз пудингот нанесете една лажица од смесата чоко-плазма, па 1-2 лажици шлаг. На крај наросете со една лажица мелена плазма.

За декорација: Шлагот изматете го со млекото, па со помош на шприц нанесете го одозгора. Декорирајте по желба со мини чоко плазмички и рендано чоколадо. / Coolinarika.com / Пробајте и овошен вкус според рецептот на Нермина Јордамовиќ

Десерт во чаша: Домашен овошен јогурт со пудинг, јогурт и овошје / Фотографија и рецепт на Нермина Јордамовиќ. Треба да го пробате, има мазен, пријатен и освежителен вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пудинг од ванила, 500 мл вода, 7 лажици шеќер, 500 мл јогурт и овошје по желба

ПОСТАПКА: сварете еден пудинг од ванила со половина литар вода и 7 лажици шеќер. Оставете го на страна, целосно да излади, со повремено промешување за да не фати коричка (или обложете го одозгора со проѕирна фолија).

Потоа во изладениот пудинг додајте половина литар јогурт и со миксер добро изматете за да се соединат состојките. Јас правев двојна мера. Потоа додајте овошје по желба (малини, вишни, јагоди, боровинки или други бобинки..)

Може да се користи и замрзнато овошје. Кој сака може половина од смесата да ја измикса со овошје, а во останатиот дел да додаде цели парчиња овошје. / Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

десерт во чаша / Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ