Вкусна, брза и лесна пица!
Потребни состојки:
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
2 лажици масло
½ лажичка сол
½ лажичка прашок за печиво
Постапка:
Од брашното, солта, прашокот за печиво, маслото и јогуртот замесете тесто.
Тестото веднаш расукајте го на побрашнета површина, па ставете во плех за печење.
Филувајте по сопствен избор.
Печете во загреана рерна на 220 степени 10-тина минути.
domacinskirecepti.info