Постапката е многу лесно и едноставна, а рецептот ни доаѓа од врвниот готвач Том Филос. Не пропуштајте и пригответе ги овие вкусни печива кои се меки како памук. Предлогот за фил со вкус на пица е одличен, но секако, секој може да го промени пл свој вкус и пак да добие неодоливи погачици. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млеко, 150 мл масло, 3 јајца, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 коцка свеж квасец (40 г) или 2 кесички сув квасец (20 г), 1 кг брашно. За фил: маринирани печурки и кечап. За премачкување: жолчка + 2-3 лажици масло




ПОСТАПКА: Во поголем сад изматете ги јајцата кои претходно отстојале на собна температура, додајте млеко и масло, по лажичка сол и шеќер, квасецот и сето ставете да се измеша во миксер за тесто. Постепено додавајте го брашното додека миксерот бавно го замесува тестото.




Доколку тестото го замесувате рачно, редоследот е ист, најпрво се мешаат влажните состојки, а потоа се додава брашното се се меси додека тоа да стане мазно и еластично, средно меко. Ако користите свеж квасец, тогаш коцката најпрво изронете ја во помал сад, додајте шеќер, две лажици брашно и една чаша млако млеко.




Промешајте да се раствори и оставете 10-тина минути да се активира. Ако пак, користите сув квасец, тогаш овој чекор на активирање можете да го прескокнете, но претходно проверете го датумот на кесичките, односно дали квасецот е со добар рок. Понатаму постапката е иста, односно се додаваат сите влажни состојки (на собна температура), а потоа брашното со солта.




Тестото обликувајте го во топка и вратете го во садот, покријте го со проѕирна фолија или кеса и оставете го да ферментира еден час на собна температура или на топло место без провев, додека да го удвои волуменот. Потоа премесете го малку на работна површина и поделете го на два дела, а од секој дел обликувајте топка.




Од секоја топка тесто развлечете долгнавеста правоаголна кора со дебелина од 2-3 мм. Исечете ја правоаголници, па на едната половина од секое правоаголниче ставете кечап и малку печурки (или филот по ваш вкус). На втората половина од правоаголничињата направете засеци (не до крај), и премачкајте го тој дел со белка која служи како лепило.




Прво преклопете го филот од кечап и печурки и притиснете со прсти за да се залепи тестото (да не истекува филот при печењето, а одзгора прекријте со засечениот дел, односно лентичките да дојдат од горна страна. На тој начин ќе добиете пакетчиња-фенерчиња.




Редете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со проѕирна фолија и крпа, па оставете ги да стасуваат половина час. Одозгора премачкајте ги со жолчка измешана со малку масло. Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 220 степени, 15-тина минути или додека да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.