ПИТАТА НА БАБА МИ ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ ГОСТИ! Брза излеана пита со спанаќ и сирење…Кога немате многу време, а сакате да приготвите вкусно и здраво јадење, тогаш ова е одличен рецепт за вас! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г спанаќ
1 главица кромид
2 чешниња лук
200 г ситно сирење
магдонос
сол, црн пипер по вкус

За смеса:
3 јајца
120 мл млеко
150 г брашно
сол и црн пипер по вкус

И уште, за посипување одозгора:
100 г рендан кашкавал
ситно сечкан магдонос

ПОСТАПКА:

1.Издинстајте го ситно сечканиот кромид на малку масло, додајте го ренданото лукче и ситно сечакниот спанаќ. Продолжете со доинстање на тивок оган додека зеленчукот да омекне. Зачинете по вкус.

2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со млеко и брашно додека сето убаво да се соедини и да нема грутчиња. Зачинете по вкус.

3.Додајте го динстаниот спанаќ, сирењето и магдоносот, па измешајте и сипете ја смесата во намастен калап со средна големина.

Одозгора посипете рендан кашкавал и магдонос.

4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути колку да зарумени. Оставете малку да подизлади, па послужете со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.