Испробајте еден необичен рецепт со кој за кратко време ќе добиете превкусна пита од тортиљи и бешамел сос. Ако ги обожавате питите, тогаш наместо вообичаените кое се прават од тесто или готови кори, испробајте да ја направите оваа со тортиљи кои можете да ги најдете во супермаркет или пак, можете и сами да ги направите.




Питата можете да ја филувате и по сопствен вкус (сирење, месо, блитва, праз, спанаќ..), а ние ви предлагаме со шунка, кашкавал и бепшамел сос. Толку многу е вкусна, што кога еднаш ќе ја пробате, често ќе ја правите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2-3 пакувања тортиљи, 250 г шунка, 300 г кашкавал. За бешамел: 2 супени лажици брашно, 30 г путер, 10 г маслиново масло, малку мускатно оревче по вкус, или зачинки билки по ваш избор




ПОСТАПКА: Во тава загрејте 30 г путер исечен на коцки, додајте една супена лажица маслиново масло (10 мл) и загревајте на тивок оган додека да растопат и соединат. Во загреаниот путер додајте две супени лажици и промешајте за да се растопат во маснотијата.




Потпржете го брашното со непрекинато мешање додека малку да пожолти, приближно една минута, па потоа во него постепено додајте 500 мл топло млеко (2 чаши од по 250 мл). Додека го додавате млекото непрекинато мешајте за да не се создадат грутчиња.




Гответе го сосот со внимателно мешање за да не се зафати на дното, па зачинете со по половина мала лажичка сол, црн пипер во прав и мелено мускатно оревче за вкус. По желба може да додадете и мелен лук или во прав.




Сосот гответе го на умерено ниска температура додека да ја добие посакуваната густина. Тргнете го настрана и подгответе тркалезен калап со величина од 22 см: намастете го со полурастепен путер на дното и страните.




Ставете една тортиља и одозгора премачкјате ја со една полна лажица од бешамел сосот. Покријте ја со неколку листови шунка и кашкавал, па поклопете повторно со нов лист тортиља. Повторувајте ја постапката додека да го потрошите сиот материјал.




Вака наредената пита одозгора и од страните премачкјате ја обилно со преостанатиот бешамел сос, па најодозгора наредете кашкавал и ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 190 степени, приближно 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.