Потребни состојки:

  • 500 г тенки кори
  • 1 кг рендана тиква
  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 200 мл масло
  • 150 мл млеко
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • Рендана кора од лимон
  • 1 лажичка вимет
  • 4 лажици брашно

Постапка:

Тиквата преполовете ја, извадете ги семките и излупете ја. Исечете помали парчиња за полесно да ја изрендате.

Измешајте со 100 г шеќер и цимет па оставете да отстои додека го приготвувате намазот.

Изматете јајца со шеќер и ванила. Додадете брашно, млеко, масло, прашок за печиво и рендана кора од лимон.

Раширете една кора, премачкајте три лажици намаз, ставете втора кора, па пак намаз па трета кора. Врз неа ставете рендана тиква, свиткајте и наредете на подмачкана тепсија. Така редете се до крајот.

За крај оставете 3 лажици намаз, во него може да додадете малку сок што ќе ви остане од тиквата додека ја рендате.

Премачкајте ги питите, избоцкајте со чепкалка и оставете да отстои половина час. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути. Печена оставете ја да излади. Наросете со шеќер во прав.