Питата многу е вкусна и брза за приготвување, лесна е за стомакот.
Потребни состојки:
500 г тенки готови кори (со јајца)
За фил:
600 г свежо кравјо сирење
4 јајца
200 г кајмак
200 мл млеко
200 мл кисела павлака
250 г спанаќ
1 лажичка сол
Црн пипер и сув зачин (вегета) по вкус
За премачкување: 100 г путер
Постапка:
За фил јајцата добро разматете ги, додадете млеко, кисело млеко, исцедено и испасирано сирење, кајмак, бланшира, исцеден и исечкан спанаќ, сол и црн пипер. Сето добро измешајте го.
Намастете плех 35х22 см па ставете една кора, испрскајте ја со растопено масло, ставете уште една кора, па ставете од филот. Постапката повторувајте ја додека да ги потрошите намирниците.
На крај ставете ги двете последни кори, наросете ги со преостанатиот растопен путер, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
Исечете на коцки и послужете со јогурт.