Измешај и испечи…Ќе добиете лесна вечера за помалку од 30 минути со само неколку состојки кои веројатно веќе ги имате в кујна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Рецепт 1
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 чаша пченкарно брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
1 лажичка чили пипер во прав
1/2 лажичка црн пипер
1 чаша ситно сирење
500 г килограм спанаќ
1 главица кромид
1 лажичка сол
1/2 чаша брашно

рецепт 2:
4 јајца
1 шолја кисело млеко
100 мл масло
300 г ситно сирење
3 шолји за кафе брашно
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
500 г крупно сечкан спанаќ или блитва, сварени

ПОСТАПКА за рецепт 1:

Најпрво во еден длабок сад ставете го сечканиот спанаќ и посолете. Истријте го спанаќот со рака додека да омекне. Исцедете ја водата што ќе ја испушти и ставете го во посебен сад.

Во спанаќот додајте го исечканиот кромид и измешајте.

Во друг сад ставете маслиново масло и јајца и изматете ги. Додајте јогурт и измешајте додека да добие мазна конзистентност. Одделете 3 лажици од оваа смеса во посебен сад.

Во мешавината од течни состојки додајте брашно, пченкарно брашно, сол, зачини и прашок за печиво, па добро измешајте. Додајте го сирењето и измешајте.

Додајте ја смесата со спанаќ и кромид и повторно промешајте додека да се изедначи.

Сипете ја во претходно намастен плех со средна големина и рамномерно распоредете. Одозгора сипете ги оние 3 лажици што претходно ги одвоивте.

Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени 25 минути. Исечете и послужете. На здравје! Постапката за рецепт 2 прочитајте ја ОВДЕ.