Фото и рецепт: Васка Павловска
Потребни состојки:
600 г брашно, малку сол и шеќер
ладна вода по потреба
Постапка:
Се замесува тесто со средна густина, па се дели на два дела.
Еден поголем за долната кора и еден помал за одозгора.
Се сучи кора, се премачкува со маргарин или путер, се витка во ролат.
Истото се прави и со другото тесто.
Се остава во фрижидер. Јас го оставив цела ноќ да стои.
Празот се пржи, се зачинува по вкус и се остава да излади.
Првиот ролат се расукува во поголема од плехот кора, па се става филот а одозгора се става кората од помалиот ролат. Се прави витка од долната кора, се сече питата и се пече на 170-180 степени околу 35-40 минути.