Фото и рецепт: Сефка Ракиќ
Потребни состојки:
Околу 2 кг компири
200 г брашно
150 мл масло
сол и црн пипер по вкус
2 главици кромид или праз по желба
мало парче путер
Постапка:
Компирот измијте го и излупете па, па на крупно ренде изрендајте го. Измешајте го ренданиот компир со маслото и зачините.
На крај додадете брашно и со раце убаво размешајте за да се изедначи. Може да додадете и ситно сечкан кромид или праз ако го сакате тој вкус.
Вклучете ја рерната на 250 степени и ставете внатре добро намастен плех да се загрее. Некои препорачуваат да го користите плехот од рерната или некоја поголема тепсија.
Во добро загреаните плех излејте ја смесата и печете околу половина час. Пред самиот крај на печењето, одозгора премачкајте ја со путер и вратете ја во рерна да се запече за да биде крцкава одозгора.
Кога убаво ќе зарумени, тогаш е готова.
Фото и рецепт: Сефка Ракиќ