Толку сочна и толку вкусна, не верував дека толку добро ќе излезе. Оваа пита им ја препорачувам на сите да си ја направат, а освен со месо, може да се приготви со било каков друг фил по ваш вкус (со спанаќ, зелка, сирење…).
Потребни состојки: 500 г кори за пита, 1 средна главица црвен кромид, 500 г мелено месо по избор, 3 средни компири и зачини по вкус, вегета, црн пипер. За прелив: 3 јајца, 100 мл масло, 1 кисела павлака (од 180 г), 200 мл минерална вода и 1 лажичка сол
Постапка: кромидот ситно исечкајте го и кратко пропржете на малку масло колку да застакли и омекне. Во кромидот додадете го меленото месо, зачинете и продолжете со пржење уште малку.
Додека месото се динста, излупете ги компирите и изрендајте ги на најкрупниот дел од рендето. Компирот помешајте го со месото (кое веќе ја има променето бојата) и кромидот, а ако е потребно уште малку зачинете. Оставете малку да излади.
Во плех 35х25 см намастен со малку масло, ставете кора превиткана на половина. Премачкајте ја со малку масло и врз неа ставете уште една кора, исто превиткана двојно (како да сте ставиле четири кори).
Врз оваа кора ставете малку фил кој ќе го покриете со нова кора, па повторно фил и така по ред додека не се потроши материјалот. Затоа, најдобро е претходно да ги преброите корите и да приближно да го разделите филот, за да го распоредите рамномерно.
Последните две кори оставете ги без фил, исто како што започнавте. Питата исечете ја на парчиња со величина по ваша желба, па полејте ја одозгора со приготвениот прелив. Малку со ножот потргнете за да може да навлезе убаво насекаде, до дното.
Прелив: јајцата измиксајте ги, додајте масло, јогурт, минерална вода и сол. Оставете 30 минути корите добро да се натопат а потоа ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени додека убаво да зарумени. / Сoolinarika.com Прочитајте го и следниот рецепт за брза пита со готови кори и тиквички:
Неодоливо вкусна пита со готови кори, тиквички и сирење
Син ми цела недела беше на гости кај баба му и братучедите. Помеѓу целиот куп материјал за раскажување колку доообро и вака и онака си поминал, немаше доволно зборови да ја испофали и опише питата која ја јадел кај баба му.
Толку со сласт раскажуваше за овој „солен колач“ што и јас посакав да го направам. Го направив ова јадење со обични мали зелени тиквички, со готови кори за пита и сирење, па ја послужив за вечера. Син ми рече дека „не била баш како на баба му, ама дека сепак била супер!“
Како и да е, на сите дома им се допадна и беа воодушевени, веднаш се „мафна“ цел плех (добро, и на сосетката и сочував едно парче за да проба). Навистина питава е нешто што треба да го пробате, а оригиналниот рецепт е со оние портокаловите тикви – Сандра Гашпариќ.
Вкусна пита со тиквички и сирење, одлична за секакви пригоди!
Потребни состојки: 1 пакување готови кори, 5-6 тиквички, 500 г кравјо сирење, 5 јајца (3+2), 5 лажици кисела павлака (2+3), 1 лажица гриз, 1 лажичка прашок за печиво, вегета, сол, црн пипер
Постапка: тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Оставете ги посолени да отстојат 15-тина минути, па исцедете ги со раце. Измешајте го сирењето со три јајца, 2 лажици кисела павлака и една лажица гриз. Зачинете по желба.
Можете да користите вегета, но ако не сте љубител можете да зачините со сол и црн пипер. Во калап премачкан со путер ставете еден лист кора и врз него распоредете прво рендани тиквички, па смеса од сирење.
Ставете втора кора која лесно со рацете ќе ја изгужвате во величина на калапот во кој ќе печете. Постапката повторувајте ја додека имате состојки. Завршете со кора која треба да биде рамна и исечена според величината на калапот доколку е поголема.
Залијте со мешавина од 2 јајца и 3 лажици кисела павлака, па исечете на коцки со помош на остар нож за да можат јајцата убаво да се распоредат во внатрешноста. Печете во рерна на 180 степени околу 30 минути додека да добиете златно жолта боја.
Малку изладете и послужете сечена на коцки. Може да се послужи како фина закуска за гости, како лесен ручек со некоја конкретна салата, како топло предјадење или пак, вака како ние вечерва – за вечерва. Вкусна е да се јаде и топла и ладна, а со неа идеално одговара чаша јогурт.
Можете да ја приготвувате и без прелив од јајца, па да ја замрзнете и некогаш кога сте во гужва и немате доволно време за приготвување, само извадете ја од замрзнувач и запечете ја во рерна според погоре опишаниот рецепт. Нека ви е на здравје! / Сандра Гашпариќ. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.