Испробајте го овој едноставен и брз рецепт за вкусен појадок или вечера приготвен со состојки кои ги имате во фрижидер: сирење, кашкавал, шунка и слично. Можете дури да додавате и младо кромитче, домати и друг зеленчук кој во филот совршено ќе се искомбинира.

рецепт 1




Неодамна на мојата пријателка и беше роденден, па кај неа за првпат ги пробав овие вкусни ролнички како грицки со малку необичен назив. Имено, кога прашав за рецептот, дознав дека се нарекувале „Ц игара бурек“. Како и да е, многу лесно се прават, а сите што ги пробавме бевме воодушевени. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г крем сирење, 200 г рендан кашкавал, 2 јајца, сол и мелен црн пипер по вкус, една рака ситно сечкан свеж магдонос и 200 г „пита леб“ кори, тоа се две големи кори нешто потенки од тестото на тортиља (може и обични кори за пита)

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на Наталија) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 600 г ситно зрнесто младо сирење или урда, 1 јајце, 1 жолчка, 1 белка, сол и масло за пржење

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во подлабок сад ставете го ренданиот кашкавал, додајте свежо или ситно сирење, по желба додајте ситно сечкан свеж магдонос, зачинете со сол и црн пипер по вкус (во зависоност од тоа колку сирењето е солено, па додајте ги јајцата.




Добро измешајте и вашиот фил е спремен. Отворете ги корите и исечете ги на тенки правоаголничиња. Распоредувајте фил врз целата површина, а на едниот крај оставајте 2 см празен простор за да може да свитка ролничето без да истекува филот.




Од спротивната страна започнете да ги виткате колку што можете потенко, па редете ги во послужавник или плех обложен со хартија. Можете да ги печете во рерна, одозгора премачкани со жолчка или павлака ако сакате да бидат меки, или со растопен путер, ако сакате да бидат крцкави. Ние обично ги сакаме пржени на следниот начин:




Во тава со малку масло загреано на умерена температура спуштајте ги ролатчињата и пржете ги од секоја страна по 2-3 минути или додека да заруменат. Вадете ги на хартиена салфетка и послужете ги топли ако ги сакате покрцкави. Следи постапката за вториот рецепт:

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 2: корите исечете ги прво на половина за да се добијат два правоаголници, па потоа повторно пресечете ги дијагонално, така да се добијат кори со форма на триаголник. Може да ги сечете и во правоаголници како во претходниот рецепт.




Потоа преминете во приготвување на филот. Со виљушка изматете го јајцето и жолчката, посолете по вкус, па додајте го ситното сирење. На секор триаголник ставете по една лажица фил, па поклопете ја кората кон внатре за да не се истура филот и свиткајте го ролатчето.

Белката што ви преостана малку изматете ја ја со виљушка, па со помош на кујнска силиконска четка премачкувајте ги краевите на ролничката за да не се долепуваат при пржењето. Потоа пржете ги во умерено загреано масло додека да добијат златно жолта боја. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.