Потребни состојки:
3 јајца
100 мл масло
500 г рендани цедени тиквички
1 главица кромид
1 лажица сечкан магдонос
100 г сирење (фета или некое масно сирење)
300 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици кисела павлака
5 лажици гриз
Сол, црн пипер
Постапка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете и малку оставете ги па исцедете ги од испуштениот сок.
Кромидот ситно исечкајте го.
Во сад изматете 3 јајца, додадете масло, тиквички, кромид, сечкан магдонос, дробено сирење , кисела павлака, гриз, брашно, прашок за печиво, сол и мелен црн пипер.
Смесата промешајте ја да се изедначи и излејте ја во калап 20х30 претходно намастен и набрашнет, па печете на 180 степени околу 30 минути да пожолти.