Пита со јаболка која се топи во уста. Сите го бараат овој рецепт. Едноставно и вкусно. Рецептот прв го презентираше Том Филос, а потоа и многумина објавија верзии на оригиналот. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој вкусен колач:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јаболка (приближно 700 г), излупени и исечени на тенки прстени, 3 големи јајца, 180 мл млеко, 150 г шеќер, прстофат сол, 300 г брашно, 80 г стопен путер, 10 г прашок за пециво, 1/2 лажичка цимет, екстракт од ванила, кора од 1 лимон (рендан), сок од 1 лимон
ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрее на 180 Целзиусови степени. Во сад измешајте ги јајцата, млекото, шеќерот, прстофат сол и екстрактот од ванила.
Сите состојки убаво измешајте ги да се соединат. Во смесата додајте го растопениот путер и повторно измешајте. Најпосле додајте ги брашното и прашокот за печиво и убаво измешајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
Додајте сечкани јаболка, цимет, рендана кора од лимон и сок од лимон. Добро измешајте за да се премачкаат јаболката со аромите.
Земете плех и намачкајте го со малку путер или обложете го со хартија за печење. Подготвената смеса истурете ја во плехот. Печете во загреана рерна на 180 степени и приближно 40-45 минути или додека да зарумени и одозгора.
Кога питата е готова, извадете ја од рерна и оставете ја малку да се излади пред да ја исечете на парчиња. Уживајте во овој фантастичен десерт кој е совршен за секоја пригода.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ, а рецептот на Том Филос можете да го прочитате ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
СИТЕ ГО БАРААТ ОВОЈ РЕЦЕПТ: Излеана пита од јаболка која се топи во уста, едноставно и многу вкусно