Фото и рецепт: Рахилка Димковска

Потребни состојки:

500 г кори

Смеса за премачкување на корите:

1 сув квасец

1 чаша јогурт

1 чаша млеко

1 чаша кисела вода

1 чаша масло

15 лажици брашно

Постапка:

Се мешаат состојките за смесата и се остава околу 15-20 минути. Потоа се додаваат 2 јајца и се мешаат во смесата за премачкување.

Јас користам по три кори за една ролна. Првата кора ја премачкувам со смесата, па доаѓа втората кора и пак од смесата, па третата кора и на еден крај од кората ставам издробено сирење, па ги виткам во ролна, сите така.

Смесата која ќе преостане ја преливам одозгора и ја оставам питата 1 час и 30 минути да отстои. Потоа се пече во загреана рерна на 250 степени околу 10 минути, а потоа се намалува на 180 степени, во зависност од шпоретот.

Фото и рецепт: Рахилка Димковска