Фотографија и рецепт на Ралица Маринова
Питата се приготвува доста едноставно, а добивате многу раскошен изглед и што е најважно – неодолив вкус.
Потребни состојки: 700 г сенаменско брашно, 2 јајца, 1 лажичка шеќер, 1 лажица сол, 150 мл пресно млеко, 200 г кисело млеко, 50 мл масло, 20 г свеж квасец (половина коцка), путер за премачкување на кората и погачата
За песто: 100 г ореви, 1 китка магдонос, 50 мл масло
Постапка: тестото се замесува исто како за леб, а потоа се дели на два дела. Двете топки тесто се покриваат и се оставаат да стасаат додека да го зголемат волуменот. Потоа од секоја топка се развлекува тркалезна кора.
Првата кора се става во плех обложен со хартија за печење. Се премачкува со растопен путер преку целата површина, а потоа се филува со приготвеното песто.
За песто: Се мешаат мелените ореви со маслото и ситно сечканиот свеж магдонос. Можете да ставите и само ситно сирење или нешто по ваша желба.
Потоа се преклопува со другата кора. Се бележи центарот на кругот со чаша, а потоа се сечат 16 зраци со остар нож или нож за пици.
Секој зрак се поклопува со соседниот и се добиваат 8 дебели зраци. Секој двоен зрак со рацете се опфаќа, малку се повлекува и се витка (како што се цеди крпа) и потоа се витка како полжав. Првиот полжав се става во центарот, а останатите околу него како цвет.
Вака приготвената погача се остава 40 минути да стасува, по што се премачкува со растопен путер (може да ја премачкате со изматена 1 жолчка, 2 лажици масло и 2 лажици млеко) и се става да се пече во загреана рерна на 170 степени додека да добие убава боја.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: