ПИТА КОЈА СИТЕ ГИ ВООДУШЕВИ…Една тајна и питата ќе биде како пена…Одличен појадок или вечера! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори
300 г сирење
4 јајца
400 г цврст јогурт или кисела павлака
300 мл газирана вода
40 г растопен путер
1/2 лажичка сол или по вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад соединете го јогуртот со путерот и јајцата, посолете, па додајте ја газираната вода.
2.Огноотпорен сад 30х25 см намастете го со путер и обложете го со една кора. Втората и третата кора ставете ги растресито врз првата кора. Значи, на дното се редат 3 кори. Одозгора испрскајте малку масло.
3.Следната кора згужвајте ја ниц раце да добиете топка, па натопете ја во смесата од јајца и ставете ја врз корите. Продолжете ја постапката додека да се исполни садот.
4.Потоа посипете сирење и наредете уште еден ред „топки“ од потопени кори. Приближно ви се потребни 9 кори за ваков слој.
5.Повторно посипете сирење и одозгора ставете две кори една врз друга. Убаво потпикнете ги внатре, како кога местите чаршав на кревет, а одозгора испрскајте растопен путер.
6.Питата залијте ја со преостаната смеса од јајца и јогурт, па ставете да се пече 45 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.