Пита баклава со јаболка за сечиј џеб…Едноставна, евтина, сочна и вкусна!

Рецепт кој со години се пренесува без некои посебни промени, а токму таков е совршен, затоа што тука нема што да додадеш или одземеш.

Вкусот на овој десерт варира во зависност од вкусот на самите јаболка, па може да биде повеќе киселкаст или посладок, без разлика на количеството шеќер во сирупот.

Можете да посипете сечкани ореви пред да ги свиткате ролничките или да додадете суво грозје во филот. Мене лично ми се допаѓа вака без додатоци. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1,5 кг јаболка
2 лажици путер
2 лажици шеќер
1 мала лажичка цимет
1 мала лажичка екстракт од ванила или 2 кесички ванилин шеќер
500 г тенки кори за баклава

За сируп:

2 чаши шеќер (450 г), количината на шеќер може да се намали – ако јаболката се целосно слатки, можете да додадете од 350 до 400 г, а ако се кисели, можеби ќе треба да додадете уште 50 г, во зависност од вашиот вкус
1 чаша вода
нешто помалку од 1 чаша сок од јаболко (кој го добивме кога ги исцедивме јаболката)
вкупната количина на течност е 400 мл

За посипување на корите помешајте:

100 г растопен путер
100 мл масло

Можете да користите и помалку маснотија (50 г путер и 50 мл масло), мене ми остана. Мојата тава е 23×35 cm, сите слични димензии ќе бидат добри.

ПОСТАПКА:

Јаболката изрендајте ги и исцедете ги, а сокот сочувајте го. Потоа издинстајте ги на растопен путер и додајте шеќер, ванила и цимет. Мешајте 5-7 минути додека да испари вишокот течност. Оставете настрана да се олади.

За сируп помешајте вода, шеќер и сок од јаболка, па варете 5 минути на најсилен оган и тргнете настрана да се лади.

Корите поделете ги на 4 еднакви делови (4х3 кори). Исто така и филот од јаболка поделете го на 4 делови. Наредете 3 кори една врз друга, секоја испрскана со маснотија, па на еден крај распоредете го филот и свиткајте во ролат.

Ролатите исечете ги на парчиња и наредете ги во плех 23х35 см, одозгора премачкјате ги со маснотија и печете ги 25-30 минути во загреана рерна на 200 степени или додека да заруменат. Залијте ги со сирупот и оставете да се впие.

Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: