Мажите кои ги сакаат и почитуваат своите сопруги, обично другите мажи кои не се како нив ги карактеризираат како „папучари“. Многумина се срамат од тие „титули“, но не треба! Еден човек јавно си кажа што му лежи при срце и сите треба да му честитаат на ова.
„Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговаравме за животот…по некое време му реков: „Одам на секунда да ги измијам чиниите што останаа во мијалникот“.
Ме погледна како да сум му кажал дека сум отишол да конструирам вселенски брод. Ми рече малку збунето:
„Супер за тебе што и помагаш на жена ти, ама кога јас нешто ќе направам, мојата сопруга не го цени тоа. Еднаш го пребришав подот и не добив ни едно благодарам“.
Се вратив да седнам со него и му објаснив дека јас не и помагам на жена ми.
Прочитајте: Што значи и како настанал поимот „папучар“? – ОВДЕ.
„На мојата сопруга не и треба помош, и треба партнер.
Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но секако не се работи за помагање во куќата. Не и помагам на жена ми да ја исчисти куќата, затоа што и јас живеам тука, па морам и јас да ја чистам.
Не и помагам на жена ми да готви, бидејќи сакам да јадам, а и морам да готвам. Не ѝ помагам на жена ми да ги мие садовите после јадење, затоа што и сам ги користев тие садови.
Не и помагам на сопругата околу децата, бидејќи тие се мои деца и мојата улога е да бидам татко и родител.
Не и помагам на жена ми да ги пере и пегла алиштата, бидејќи тоа се мои алишта и на моите деца. Јас не сум помошник во куќата, јас сум дел од куќата.
А што се однесува до „ценењето“, го прашав кога последен пат, откако заврши со чистењето на куќата, перењето, менувањето чаршави на креветот, капењето на децата, готвењето, организирањето и слично, ти и рече благодарам на твојата жена?
Дали ти се чини апсурдно? Дали ти изгледа чудно?
А кога еднаш во 100 години си зел да го исчистиш подот, очекуваше минимална награда за стореното, можеби и аплауз. Зошто? Дали некогаш си размислувал за тоа, пријателе?
Можеби затоа што според тебе сето тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнал дека сето тоа жената треба да го прави без притоа мажот да мрдне со прст?
Затоа ценете како што би сакале да ве ценат, на ист начин и со ист интензитет.
Подигнете ја раката, постапувајте како вистински партнер, а не како гостин кој дошол само да јаде, да спие, да се измие…
ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ КАКО ДОМА ВО ВАШИОТ ДОМ.