Рецептот го добив од една колешка на работа и оттогаш редовно ги правиме дома, не знаеме за доста!

Потребни состојки:

1 кг брашно сенаменско
1 свеж квасец
1 голема лажица рамна сол
500 мл млеко и додадете по потреба
100 мл масло

За фил:

500 г сирење
125 г маргарин
1 лажица рамна сол

За премачкување:

1 кисела павлака од 200 мл
2 јајца

Постапка:

Замесете тесто, оставете 20 минути да се дигне, развлечете го во вид на правоаголник и премачкајте со половина фил, преклопете па ставете ја втората половина од филот, повторно преклопете и развлечете кора со дебелина од 1 см.

Сечете по должина како стапчиња, увртувајте ги малку и редете ги во намастена тепсија или обложена со хартија за печење. Оставете уште малку да се дигнат, па одозгора премачкајте ги со:

-одвојте од филот 3 лажици па на смесата додадете 1 кисела павлака, 2 цели јајца и малку сол. Ставете да се печат на 180 степени околу 30-40 минути.

За да ви биде полесно, можете тестото да го поделите на 4 дела, па секој дел посебно да го расукувате како правоаголник, да го премачкате со сирење, да го превиткате двапати, па така превиткано да биде 10 см.

Уште малку со оклагијата притиснете, сечете со широчина од околу 1,5 -2 см, полесно и сите ќе ви бидат со иста величина. Од оваа количина се добиваат две големи тепсии.

coolinarika.com