Потребни состојки:
500 г тенки кори за пита
250 г полномасно сирење
2 јајца
Малку масло
И уште околу 100 мл за пржење
ПОСТАПКА:
Изматете ги јајцата со сирење во пенаста маса. Ако не е доволно компактна и спремна за премачкување на користе, додадете малку масло.
Корите за пита пресечете ги по должина на половина и филувајте ги.
Премачкајте ја кората по цела должина со филот од сирење, свиткајте ги краевите за да не истекува филот и свиткајте во пирошка.
Загрејте го маслото за пржење, па испржете ги пирошките од двете страни додека да поруменат. Послужете со јогурт.