Подгответе го ова вкусно пилешко месо со лук и добиете многу вкусен ручек кој го слуѓат само во елитните ресторани. Кога пилешките филети ќе ги зачинете и запржите во путер со лук, тие стануваат не само сочни, туку и неодоливи мирисни и вкусни. Ви го претставуваме овој едноставен и вкусен рецепт, еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г пилешки филети (бело месо), сол и црн пипер по вкус, 2 супени лажици брашно + 1 мала лажичка брашно, 40 г путер, 5-6 чешниња лук, 1/2 чаша бистра зеленчукова/пилепка супа (бујон, околу 100-150 мл), 1 лажичка суво оригано, 1 лажичка лимонов сок, една рака свеж магдонос
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Пилешкото месо добро измијте го под млаз ладна вода, исцедете го и избришете го хартиена салветка од влагата. Пред подготвката на месото не треба да има остатоци од водата. Потоа исечете го на коцки со големина на залак.

![]()
![]()
![]()
![]()
Исечканото пилешко месо претурете го во некој сад во кој полесно ќе го мешате, па посолете го и зачинете го со мелен црн пипер. промешајте го за да се распоредат зачините, па одозгора наросете го со две супени лажици брашно.

![]()
![]()
![]()
![]()
Повторно промешајте за да се распореди брашното, а секое парче убаво да се обложи од сите страни (исто како кога похувате). Во една нелеплива тава ставете малку растително масло да се загрее на умерено јак оган.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа додајте го сечканото пилешко месо и зарпжете го со повремено промешување додека да добие убава румена боја од сите страни. месото извадете го, а во истата тава додајте 40 г путер исечен на коцки и оставете да се растопи на многу тивок оган.





Во меѓувреме исчистете ги 5-6 чешниња лук и исечкајте ги многу ситно. Додајте го лукот во растопениот путер и запжете го кратко додека да омекне. Потоа додајте една мала лажичка брашно и промешајте.

![]()
![]()
![]()
![]()

Мешајте кратко додека и брашното да се запржи, зачинете со оригано и малку лимонов сок, а потоа додајте го пилешкиот/зеленчуковиот бујон (ако немате готов, можете да растворите коцка супа во обична вода). Промешајте и додајте го претходно запрженото пилешко месо.

![]()
![]()
![]()
![]()

Промешајте уште кратко време додека да испари вишокот течност а месото да ги прими сите вкусови. На крај додајте ситно сечкан свеж магдонос, и послужете го пилешкото со вашиот омилен прилог. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












