Пилешкото месо најбрзо се приготвува од сите видови месо, а ако го приготвите на овој начин, тоа излегува многу сочно и меко, буквално се топи во уста. Но, тоа не е сè! Кремастиот сос со кој се залева е толку многу вкусен и деликатесен, што откако ќе го пробате, само на овој начин ќе го приготвувате месото.
Само по себе е доволно, но, можете да го гарнирате со варен или печен компир, ориз, паста или било што друго по ваш вкус. Релативно брзо се приготвува, па нема да ви одземе многу време во кујната. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 пилешки филети (бело месо), сол и црн пипер по вкус, 1 лажица оригано, 3 лажици брашно, 3 лажици рендан пармезан, 1 мала лажичка црвен пипер во прав, 1/2 лажичка лук во прав, 3-4 лажици масло за пржење, 30 г путер, 4 чешниња лук, 2 лажички сенф, 350-400 мл пилешки булјон, 150 мл павлака за готвење, 30 г рендан кашкавал, магдонос
ПОСТАПКА: месото измијте го под млаз ладна вода, исцедете го од водата, па пребришете го со хартиена салфетка. Отстранете ги жиличките од него, па исечете го надолжно, од секое парче да добиете две тенки филети.
Секоја филета ставете ја во кеса и со специјален чекај за месо дополнително истенчете ја и омекнете ја. Потоа секое парче од двете страни посолете го и запиперете го по вкус, наросете оригано и протријте за да се впијат зачините.
Во еден посебен сад убаво измешајте ги сувите состојки: три лажици брашно, три лажици ситно рендан пармезан, половина лажичка лук во прав/гранули и една лажичка црвена зачинска пиперка во прав. Секое парче месо убаво обложете го со оваа мешавина, од двете страни.
Во широка тава загрејте три-четири супени лажици масло (ние користевме маслиново), на умерено силен оган, па спушете ги филетите и пржете ги по 5-6 минути од двете страни, или додека да заруменат. Пилешкото се пржи на посилен оган за да остане однатре посочно. Пржените филети вадете ги настрана во чинија.
Потоа намалете го огнот на најтивко и во истата тава ставете 30 г путер да се растопи. Додајте четири чешниња лук ситно исечкани или изрендани, па пропржете ги 1-2 минути колку да омекнат, исто така, на ниска температура. Потоа додајте 3 супени лажици брашно и пржете го 3-4 минути со мешање.
Штом запени и малку ја промени бојата, додајте две лажички сенф и промешајте за да се растопи. Потоа постепено додајте 350-400 мл пилешки булјон (или растворена коцка за супа) и на крај 150 мл неутрална течна павлака за готвење.
Посолете и запиперете по вкус, па додајте 30 г рендан кашкавал и 10 г рендан пармезан. Промешајте додека сите состојки да се растопат и изедначат вкусовите, па ставете го месото во вкусниот сос. Гответе уште 5 минути, па можете да го послужите. Деталите погледнете ги ОВДЕ.