Потребни состојки:
6-8 батаци
4 главици кромид
2 главици лук
вегета, сол, црн пипер
околу 50 мл маслиново масло
Постапка:
Батаците е најдобро да се маринираат со зачините одвечер или неколку часови пред печењето. Завиткајте ги во фолија и чувајте во фрижидер.
Кромидот исечете го крупно, ставете го во огноотпорен сад заедно со батаците.
Лукот пресечете го на половина, па сето прелијте со масло, па печете првите 30-40 минути покриено со фолија во претходно загреана рерна на 200 степени.
Потоа тргнете ја фолијата, превртете ги батаците и вратете во рерна да испари вишокот течност и месото да зарумени.
Послужете со компири и салата по желба.