Потребни состојки:
700 г бело пилешко месо
4 компири
2 јајца
1 главица кромид
3 чешниња лукче
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
3 лажици брашно
2 лажици сечкан магдонос
Сол, црн пипер
Масло
200 мл неутрална павлака за готвење
Ситно сецкан власец или младо кромитче
Постапка:
Белото пилешко месо исечете го на шницли и ако се дебели малку истолчете ги со чекан, па посолете ги и запиперете.
Компирот излупете го и изрендајте го, кромидот и лукот исечкајте ги ситно, па додадете јајце, мајонез, кисела павлака, сечкан магдонос, брашно, сол и црн пипер.
Измешајте добро да се соединат состојките.
Пилешките шницли потопувајте ги во оваа смеса и пржете ги во загреано масло од едната и од другата страна да добие златнокафеава боја.
Вака пржените шницли наредете ги во огноотпорен сад или тепсија, прелијте ги со 200 мл течна павлака и печете ги во рерна на 200 степени околу 10 минути. Одозгора наросете со ситно сечкан власец.