Еве еден брз ручек кој сите ќе ве воодушеви со вкусот. Сомелете бело пилешко месо, исечкајте половина главица кромид, додадете презла и зачинете по вкус. Со раце формирајте гнезда и филувајте ги со вкусниот фил кој ќе се растопи преку пилешкото и ќе му даде уште поубав вкус.
Филот ќе го направете така што ќе изрендате кашкавал, ќе додадете едно јајце и лажица павлака. Печете ги во рерна полнетите пилешки гнезда на 200 степени, околу 40-тинаминути.