Пилешкото јадење е омилено, бидејќи може брзо да се зготви и може да се приготви на милион различни начини. Вртејќи го стариот готвач на баба ми наидов на овој рецепт, ми се виде истересен, а според состојките заклучив дека мора да е вкусно.

И, знаете што? Јадењето излезе и повкусно од што очекував, а со домашните го измакавме до последната трошка. Повкусно јадење не сме јаделе досега, па препорачувам и вие да го испробате. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 пилешки батаци/карабатаци, сол, мелен црн пипер, зачинска мешавина за пилешко (или по вкус), 1 супена лажица маслиново масло, 3 супени лажици несолен путер, 1 главица кромид (или две со средна големина), 3 чешниња лук, 3 лажици зачинска црвена пиперка во прав (слатка или лута), 2 лажици брашно, 1 чаша (250 мл) доматен сос, 1 чаша (250 мл) пилешки булјон или вода, 3/4 чаша кисела павлака




ПОСТАПКА: Пилешкото месо измијте го и исчистете го, пребришете го со хартиена салфетка за да се отстрани влагата, па зачинете го со сол, свежо мелен црн пипер и зачинска мешавина по вкус, па убаво протријте за да се распореди рамномерно. Потоа залијте ги со маслиново масло и убаво премачкјате ги.




Во тава на умерена температура растопете мало парче путер заедно со масло, а потоа спушетете го месото и пржете го додека да добие убава златна боја. За секоја од страните потребно е да се пржи приближно по 5-7 минути.




Додека пилешкото се пржи, настрана ситно исечкјате една голема главица кромид, или две помали. Кога месото е испржено извадете го од тавата, а на истото масло сипете го сечканиот кромид. Пржете го со непрекинато мешање додека да омекне и да застакли.




Потоа додајте ситно сечкан лук и продолжете со динстањето уште некоја минута. Потоа тргнете ја тавата настрана и додајте црвена зачинска пиперка во прав и брашно. Промешајте за да се распореди добро и вратете на оган да се пропржи уште неколку минути.




Потоа повторно тргнете ја тавата од оган и сипете доматен сос и пилешки булјон мешајте сè додека да добиете фина, изедначена смеса. Ако користите тава со метална рачка тогаш наредете го месото во сосот, во спротивно целата смеса претурете ја во некој огноотпорен сад.




Врз месото сипете неколку лажици од сосот, па ставете во загреана рерна на 200 степени да се пече приближно половина час или додека месото убаво да зарумени, а сосот да згусне. Во меѓувреме, додека се пече месото, вие сварете ги тестенините според упатството на кесичката.




Потоа тавата извадете ја од рерна, а парчињата месо тргнете ги повторно настрана, во некоја чинија. Во доматниот сос додајте ја киселата павлака и промешајте до изедначување. Послужете го месото натопено во сос заедно со тестенините како прилог. Деталите погледнете ги ОВДЕ.