ПИЛЕШКА САЛАТА СО ОВОШЈЕ И МАЈОНЕЗ, многу вкусна, дома постојано ми ја бараат да им ја правам. Ако никогаш не сте помислиле да ставите овошје во солена салата која ја послужувате со мајонез, ова е рецепт за вас.




Надвор од нашите краишта, луѓето подготвуваат најразлични видови на оброци. Некои од нив изгледаат привлечно, а оваа салата е една од тие. Во солена салата често се става и јаболка или грозје, но тоа не е толку необично затоа што овие две намирници ја прават салатата уште поосвежителна и повкусна.




Секогаш можеме да сметаме на салати кога станува збор за креативност со храната. Салатата може да се состои од речиси се – пилешко, бифтек, морска храна – а јаболката додаваат слатко изненадување што добро се вклопува со сино сирење, козјо сирење или какви било други додатоци.




Иако не постои правило какво јаболко да користите кога подготвувате салати, мислиме дека има неколку варијанти што вреди да се споменат пред вашиот следен потфат за салата.




За салатата да биде што повкусна треба да користите убаво крцкаво јаболко што не потемнува брзо кога се сече или се ренда. Најдобрите јаболка за оваа намена се: мед крис, фуџи, розево јаболко… Секое јаболко има свој уникатен профил на вкус што може да се комбинира со разни преливи, месо и сирење.




Потребни состојки: 3 парчиња пилешко, исечкано на ситни парчиња, 3 супени лажици лимонов сок, 3 дршки целер, ситно исечкани, 1/2 шолја ореви, пропржени или испечени, 15 лажици мајонез (може и помалку), 1 1/2 чаша грозје, исечкано на половина, 1 1/2 јаболка, излупени и ситно исечкани, сол, црн пипер..




Постапка: Пилешките парчиња ставете ги во тенџере со вода и гответе додека пилешкото е целосно сварено. Водата во која го варите пилешкото треба да биде солена. Потоа, извадете го пилешкото од вода и ставете го на чинија да се излади.




Во подлабок сад (во кој ќе ја сервирате салатата) додајте 3 лажици лимонов сок. Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семките и од дршката, па додајте ги во садот.




Истото направете го и со целерот кој треба да биде добро измиен, а потоа се додава во садот со останатите состојки. Грозјето исечкајте го на половина, па додајте го заедно со исечканото и оладено пилешко месо.




На крај се додаваат печените ореви и мајонозеот. Додајте прстофат сол и црн пипер во прав, но внимавајте бидејќи и мајонезот и пилешкото се солени. Измешајте се заедно додека да се распоредат сите состојки.




Салатата може да ја послужите веднаш или да ја ставите во фрижидер да отстои 30 минути до 1 час пред сервирање. Многу е вкусна, а комбинацијата на состојките ќе ве изненади пријатно, доколку никогаш не сте комбинирале овошје во солена салата.