Home салати Пилешка салата – салата на сите времиња…Вистински ХИТ на секоја трпеза

Пилешка салата – салата на сите времиња…Вистински ХИТ на секоја трпеза

Пилешка салата – класика што освојува срца

Оваа пилешка салата е вистински хит на секоја трпеза: кремаста, сочна и полна со вкусови што се спојуваат во совршена хармонија.

Со малку подготовка, добивате салата што може да биде главно јадење или прекрасен придружник на секој оброк, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 500 g варено пилешко месо
– 3 варени јајца
– 200 g кашкавал
– 200 g шунка
– 5–6 кисели краставички
– 500 g кисела павлака
– 2–3 лажици мајонез
– 1 мала лажичка копар (по желба)
– половина лажичка сол (по вкус)
– 100 g печен сусам
– НМД
– еден прстофат вегета (по желба)

Постапка:

Вареното пилешко месо ситно исечкајте го и ставете го во длабок сад. Варените јајца исто така исечкајте ги ситно и додајте ги кај месото.

Кашкавалот исечкајте го на ситни коцки, а истото направете со шунката и киселите краставички, па сето тоа додајте го во садот.

Додајте ја павлаката и мајонезот, зачинете по вкус со сол и копар, и добро промешајте за да се соединат сите состојки. На крајот додадете го печениот сусам и повторно промешајте.

По желба, можете да додадете и еден прстофат вегета. Декорирајте ја салатата според ваша инспирација и послужете ја ладна. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: