Ова макало е навистина пикантно, одлично за љубителите на луто и посно јадење.

Потребни состојки:

150 г грав

20 суви црвени (везенки) пиперки, мешани благи и лути, по избор

250 мл доматно пиер (салца)

50 мл масло за јадење

4-5 чешниња лук

сол

Постапка:

1.Во посебни тенџериња сварете го гравот и црвените пиперки.

2.Во аван се толчи лукчето со малку сол, па се додаваат пиперките исчистени од семки, па се толчат.

3.Потоа се додава сварениот грав, па сето заедно се толчи до изедначување.

4.На крај се додава доматното пире и убаво се меша и се зачинува по вкус.

5.Маслото се загрева на страна па се попарува макалото.

Се послужува со меко домашно лепче и убаво овчо сирење.