За рамен стомак и убаво обликувани стомачни мускули, многу е важно редовно да вежбате и да внимавате на исхраната.
Но, ако подолго време не сте внимавале на својот изглед, а потребно ви е брзо враќање на гипкоста на телото, обидете се со овој рецепт за напиток за кој велат дека веднаш дава резултати и е апсолутен хит на интернет.
Покрај тоа што е многу ефикасен, овој напиток е лесен за приготвување.
Воедно, тоа е најдобриот начин да се започне здрава и добро избалансирана исхрана. Испијте го ова, а вие ќе изгубите 8 килограми сало за само три дена.
РЕЦЕПТ
1.Земете китка свеж магдонос и добро измиксајте го во процесор за храна.
2.Исцедете еден лимон и додадете го во магдоносот.
3.Додадете половина чаша вода, па миксајте уште неколку секунди за да се изедначи смесата.
Оваа мешавина функционира исклучително брзо, а вие ќе ги забележите резултатите за само 2-3 дена. Тајната на ефикасноста се крие во магдоносот, кој е преполн со витамини и минерали кои помагаат во правилна дигестија на храната.
Лимонот од друга страна помага во согорувањето на мастите. Освен за преобликување и намалување на стомакот, овој напиток ќе помогне и за подобрување на метаболизмот.
За оптимални резултати, секое утро треба да го пиете овој напиток на празен стомак, пет дена. Потоа направете пауза од 10 дена и повторете ја постапката.
Во текот на овој период додека го забрзувате слабеењето, треба да пиете многу вода во која можете да ставите парчиња овошје и зеленчук за подобрување на вкусот.
Пијте зелен чај, вежбајте, поминувајте повеќе време на чист воздух, внимавајте на исхраната и бидете позитивни.