Еден обичен црн колач – кремаст, вкусен а се приготвува од едноставни, евтини состојки и мерките се на чаша од 200 мл…

Потребни состојки:

3 чаши (од 200 мл) брашно
3 чаши јогурт
2 чаши шеќер
1 чаша масло
3 полни лажици какао
2 лажички сода бикарбона

За фил:

400 мл млеко
4 лажици шеќер
1 пудинг од чоколадо
250 г вишни
5 лажици вишњовача (ликер од вишни)

За чоколадна глазура:

150 г чоколадо
100 г путер/маргарин
3 лажици шеќер во прав
100 мл млеко

Постапка:

Измешајте ги сите состојки за кората, матете со миксер неколку минути.

Смесата префрлете ја во плех (30х20) и печете на 180 степени.

Кога бисквитот ќе излади, хоризонтално пресечете го на два дела, за да добиете две кори.

Додека се пече биксвитот, сварете го пудингот од чоколадо во 400 мл млеко со шеќер.

Една кора премачкајте ја со изладениот пудинг, па наредете исцедени вишни и на крај наросете малку со рум од вишни.

Поклопете со другата кора, малку притиснете со раце да се израмни, па одозгора прелијте ја чоколадната глазура.

За глазура: на пареа растопете ги сите состојки, па кога малку ќеизлади и згусне, прелијте преку колачот.

сoolinarika.com