Редовното празнење и чистење на цревата има голема и важна улога во зачувување на целокупното здравје. Иако звучи премногу обопштено, познатите доктори како Xинохара и Hеумивакин поучувале дека калориската количина треба да се намали за човекот да живее подолго и поздраво.




Како што објаснуваат докторите, храната колку што нѐ храни, толку може да влијае и штетно врз нашето здравје. Тоа се случува затоа што храната се депонира во цревата и она што нема да се отфрли, останува во цревата, каде што почнува да гние, екскрементот се стврднува и се нарушува биофлората. Така, настануваат болестите.




Важно е навремено да обратите внимание за навременото и редовното празнење на цревата, бидејќи од нив започнува сѐ. Покрај тоа, при внесување на сирова храна, колку и да сте ја измиле внимателно, понекогаш содржи микроорганизми кои се населуваат како паразити во цревата и дополнително предизвикуваат разни тегоби.

Следниот рецепт за напиток ни го испрати читателка која вели дека го пиела по препорака на нејзината докторка, а кој многу и помогнал. Се приготвува со семки од тиква кои се исклучително здрави и одамна се познати по своите лековити својства.




Благодарение на семките од тиква, чистењето на цревата е олеснето. Како што бадемовото млеко ги чисти белите дробови и го зголемува нивниот капацитет, така семките од тиква, покрај останатите хранливи материи, го содржат и магнезиумот.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои не внесуваат доволно магнезиум почесто се соочуваат со запек. И тоа не е само превентивно. Магнезиумот е толку ефикасен за решавање на проблемите со цревата што понекогаш се препишува како лаксатив за решавање на случаи на постоечки запек.




Тајната хранлива состојка во семките од тиква е кукурбитинот кој е всушност биоактивна супстанција со антихелминтски својства. Кукурбитинот обезбедува да се исчистат сите паразити кои се акумулирани во цревата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г семки од тиква (1 шолја), 750 мл вода (3 чаши), 1/4 лажиче ѓумбир (во прав или свеж), 1/4 лажиче куркума, прстофат црн пипер (за да го потпомогне дејството на куркумата и капсаицинот) и 1 лажичка мед.




ПОСТАПКА ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА МЛЕКОТО: Во еден поголем сад ставете ги семките од тиква и одозгора прелијте ги со вода. Семките се оставаат да киснат преку цела вечер на собна температура. Следниот ден се процедуваат од водата и се ставаат директно во блендер. Во блендерот се дотура 750 мл вода и се ставаат ѓумбирот, куркумата, црниот пипер и медот.




Сите состојки се блендираат во фина, еднолична и течна смеса, како млеко. Вака подготвениот напиток се процедува низ газа и се складира во стаклено шише. Се консумира наутро, пред појадување по 1 чаша, а остатокот се складира во фрижидер и се пие следното утро уште една чаша и третото утро, уште една, додека да го потрошите.

Потоа може да си направите уште една доза, па се прави пауза. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Пред примена на народна медицина секој треба да се конcyлтира со својот лекар.