Општо познато е дека растението Линцура е многу лековита билка. Линцурата е род на цветни растенија кои припаѓаат на семејство Gentianaceae. Со околу 400 видови се смета за голем род. Се забележува по нејзините претежно големи цветови во форма на труба, кои често имаат сина боја.




Името на родот е почит кон Гентиј, илирски крал кој можеби бил откривач на тонични својства на различните видови линцури. Ова е род, кој се јавува во алпските живеалишта во умерените региони на Азија, Европа и Америка. Тие се годишни, двегодишни и повеќегодишни растенија. Некои се зимзелени, други не.




Многу линцури тешко се одгледуваат надвор од нивното диво живеалиште, но неколку видови се достапни за одгледување. Линцурите се средно издржливи и можат да растат на полно сонце или делумна сенка. Тие растат во добро исцедена, неутрална почва богата со хумус.




Успева на високи, планински места. Линцурата не издржува високи температури и не може да успее на места пониски од 1000 м надморска височина. Меѓутоа, тоа не е нејзината најважна карактеристика кога станува збор за одгледувањето, туку како и за секоја друга билка, важни се климатските услови.




Лековитоста на коренот од линцура произлегува од хетерозидите со горчлив вкус. Некои од нив се сметаат за најгорчливи можни супстанции. Со горчливоста на хетерозидите се стимулира работата на желудникот и лачењето на желудочен сок, празнење на жолчната кеса и прозводство на жолчен сок.




А, за добар кр-воток доволно е да се стави парче корен од линцура со должина од 5 цм во шише со ракија, па во мали чашки да се пие на празен желудник. Народната медицина линцурата ја препорачува и за стомачни проблеми, против грозница, за јакнење на организмот и подобрување на апетитот




Линцурата се препорачува и во случај на на-пад на мач-нина и несвестица, како и за лекување на анемија и бледило. Надворешно се користи за лекување на длабоки, инфицирани ра-ни. Како лек или помошна терапија линцурата е делотворна и кај бубрежни б олки, гасови во стомакот, опстипација, менструални б олки, бронхитис, ждригавица, кашлица, пад на имунитетот.




Препаратите од оваа лековита билка, исклучиво треба да се земаат половина до еден час пред јадење. Доколку се земат непосредно пред оброк или после јадење, може да предизвикаат проблеми со варењето.

Лек од линцура – за 14 дена ќе го намалите холестеролот, ќе ја прочистите кр-вта и ќе ја стимулирате работата на жлездите-лек со линцура. Овој лек се покажал многу ефикасен во намалување на холестеролот, кој е тешко да се намали доколку хронично се акумулирал во кр-вта.




Сите знаеме колку проблеми може да предизвика високиот холестерол, тој е како поттик на други сериозни болести, доколку не се лекува навремено. За овој лек, можеби ви кажала некоја постара личност, бидејќи во времето на нашите баби бил многу познат и ,,циркулирал” секоја година помеѓу нивните домови.




За да го подготвите овој лек ќе ви биде потребно околу 20-30 г линцура и 1 литар вода. Најдобро би било доколку користите алкална, изворска вода, а да не користете обична вода од чешма.

Во чисто, стаклено шише наполнете го со водата, а потоа во него додајте ја мелената линцура, околу 20-30 г. Добро затворете го шишето и оставете го да отстои на темно и суво место 14 дена, со секојдневно протресување по двапати на ден.




По изминатото време, течноста ја процедувате и ја складирате во друго стаклено шише. Лекот се консумира еднаш на ден во една мала чашка (шолја), отприлика околу 50-60 мл.

За 2 седмици проверете ја кр-вната слика и ќе забележите како холестеролот се намалил, а кр-вта ќе ви биде прочистена. Севкупно, целиот метаболизам ќе ви работи подобро и ќе се чувствувате енергично. Деталите од целата подготовка на лекот можете да ги погледнете ОВДЕ.