Подгответе пиперки во тегла на сосем едноставен и брз начин, без конзерванси и пастеризација. Ова е стар рецепт кој го користеле нашите мајки и баби. Под пишаниот рецепт можете да ја погледнете и видео презентацијата од целата постапка.
Коментар на Петар Поповиќ: „Пецканата пиперка има неограничен рок на траење. На овој начин мајка ми постојано ги приготвуваше за зима. Во 2008 г се иceливме од дома, а кога ни ја pyшеа куќата во 2011 г случајно ги здогледав теглите, па ми падна жал да ги фрлам. Отворив една тегла и ги пробав, како вчера да биле правени. Можеби само оние при врвот беа малку омекнати, но сè останато беше здраво.“ Еве што е потребно за овој рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг пиперки ситни сомборки или друг вид бабурести или пиперки по ваш избор, 3 моркови, 1 китка свеж магдонос, 2 главици лук, 4 тегли од 800 г. Во секоја тегла се става по 1 супена лажица сол, 1 супена лажица шеќер, 3 супени лажици масло и 1 мала paкиена чашка од 50 мл алкоxoлен оцет 9%
ПОСТАПКА: Пиперките измијте ги добро под млаз ладна вода, а потоа исчистете ги од дршката и семето, па оставете да се исцедат од вишокот вода. Од 3 кг пиперки ќе добиете приближно 2,6-2,7 кг исчистени пиперки.
Лукот исчистете го и ситно исечкајте го на листови, а исто така, ситно исечкјате го и магдоносот. Морковите можете да ги изрендате или да ги исечкате на многу тенки листови. За поголема количина, соодветно зголемете ги состојките.
Загрејте една голема и широка тава, малку намастена со масло за готвење во која пиперките кратко ќе се пропржат, односно ќе се „пропецкаат“. Во меѓувреме подгответе сол, шеќер, масло и алкоxoлен, бел оцет 9 процентен.
Во секоја тегла ставете по една полна супена лажица шеќер, по една полна супена лажица сол, по три супени лажици масло за готвење и по една мала ракиена чаша од 50 милилитри бел, алкоxoлен оцет за јадење (9%).
Кратко пропржете ги пиперките од сите страни додека да им зарумени лушпата и малку да омекнат, а не целосно да се испржат. Пред да почнете да ги полните теглите во секоја ставете малку морков, малку лук и магдонос.
Ставете неколку пиперки во теглата, па повторно ставете морков, лук и магдонос. Повторувајте ја постапката додека убаво да ја наполните теглата и притиснете одозгора. Кога ќе процените дека повеќе не собира теглата, затворете ја добро со капак и веднаш превртете ја наопаку.
Постапката повторете ја додека да ви се потроши материјалот. Во следните 48 часа (два дена) потребно е теглите неколкупати да се превртат за да може солта и шеќерот да се растопат. Теглите чувајте ги на темно и ладно место. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.