Ова е сочен и многу вкусен колач со гриз и јогурт прелиен со шеќерен сируп, а толку е вкусен, што се топи во уста и многу брзо се изедува, особено ако е добро изладен. Обично за кратко време откако ќе се постави на трпезата, брзо се изедува, пишува НМД.мк

Сите ги сакаат шербетните слатки, бидејќи не само што се многу вкусни и сочни, туку и многу се лесни за правење. Претежно се густи и натопени во сируп (шербет), но има и такви кои се кремасти. Некои од најпознатите колачи се баклавата, алвата, „кајмакли“, „ревани“ …




Овој лесен колач се приготвува од само неколку состојки, а основни се гризот и густиот јогурт (како кисела павлака), а толку е лесен што секому му успева. Сè што треба да направите е да ги измешате состојките, да ја излеете смесата во плех со средна величина и на крај да го прелиете со шербет.




Колачот потоа се остава да се олади, најдобро преку цела ноќ, а потоа кога ќе го сервирате, сите со задоволство ќе се насладуваат во сочниот десерт. Овие колачи се идеални да ги приготвувате за секој ден, но и за разни прослави и свечени пригоди.




Потребни состојки: 500 г гриз, 2 чаши густ јогурт или кисела павлака (погледни видео), 1 чаша шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, несолени кикирики (излупени половинки). За сируп: 4 чаши шеќер, 4 чаши вода, 1 парче лимон




Постапка: веднаш на почетокот да ви кажам нешто во врска со шеќерот. Многумина ми пишуваат зошто се користи толку многу шеќер и дали може да се намали количината. Одговорот на тоа е – не, затоа што колачот нема да излезе како што треба и ќе ја нема потребната крцкавост.




Истото важи и за сирупот (шербетот), бидејќи ако се намали количината на шеќерот, сирупот ќе ја нема потребната густина. Тоа е исто како да сте ја намалиле количината на шеќер додека правите слатко, па на крај ќе добиете нешто друго, но нема да добиете слатко.




Ист е случајот и со ориенталните слатки. Уште нешто сакам да ви напоменам, дека во овој рецепт се користи исклучиво само гриз, а не брашно (или мешавина) како што е случај со другите парени колачи, но кој сака може да си додаде.




Постапката е многу брза и едноставна. Во еден длабок сад истурете ја целата количина на гриз (500 г), па додајте го густиот јогурт, шеќерот, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Промешајте ја смесата со лажица. Ќе забележите дека за кратко време ќе стане хомогена и компактна.




Плех или огноотпорен сад намастете го со малку путер илиу масло, па излејте ја смесата. Внимателно со шпатулата рамномерно распоредете ја смесата, така да биде на сите страни со подеднаква висина, за да може рамномерно да се испече.




Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а за тоа време земете шпатула за торти, натопете ја во ладна вода, па убаво со нежни движења измазнете ја површината. Потоа со ос тар н ож направете засе-ци за да се обележат парчињата, но немојте да притискате/ да с ечете до долу. Поминете само површински.

Потоа, на секое парче ставете по три несолени половинки кикирика (или според формата и големината на парчињата што вие ќе ги исечете) и малку со прстот притиснете, не премногу. Вака приготвениот колач е најдобро да го ставите во фрижидер за да отстои еден час. За тоа време гризот убаво ќе го впие јогуртот и ќе се соединат вкусовите.

Но, доколку немате време (како мене), ставете го колачот веднаш да се пече во загреаната рерна (исто ќе излезе многу убав колачот). Значи, печете го колачот во загреана рерна на 180 степени сè додека да добие убава румена боја (околу еден час).

Потоа пригответе го шербетот: во тенџере ставете го шеќерот и водата, па ставете на оган и мешајте додека да се растопи. Откако ќе зоврие сирупот, додајте еден круг од лимон, намалете ја температурата и варете уште 10-15 минути.

Извадете го печениот колач и почекајте 2-3 минути, па со помош на кутлача започнете да го прелевате со топлиот сируп (топол колач-топол сируп). Колачот ќе пливне во сирупот и тогаш со н ожот завршете ги засе-ците до крај, односно убаво исечете ги парчињата за да може сирупот да навлезе подеднакво на сите страни.

Колачот оставете го најпрво да излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер, најмалку шест часа, а најдобро преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.