Не фрлајте ја пепелта, таа е вистинско богатство и на овој начин ќе ја користите додека сте живи!
Пепелта е од голема корист за секое домаќинство. Пепелта од огревно дрво е многу корисна, повеќенаменска состојка, па ако користите дрва за греење, не фрлајте ја и прочитајте подолу за што сè можете да ја употребите и на кој начин.
Во нашата држава голем број домаќинства сè уште се греат на дрва. Камините и печките на дрва даваат многу пријатна топлина во домот во текот на зимските месеци. При тоа согорување на дрвото се добива пепел.
Најчесто пепелта се фрла, а тоа е голема грешка, бидејќи може да се искористи паметно, на многу корисни начини. Всушност, пепелта е многу корисна. Затоа, пред да ја фрлите следната тура пепел од вашата печка, прочитајте за што сè можете да ја искористите.
Пепелта може да биде совршена помош за чистење на домот или да ги мотивира растенијата да растат побрзо…
Земјоделците добро ги знаат придобивките од пепелта од дрво за почвата, па често ја користат како додаток за зголемување на киселоста на почвата.
Посебно е погодна за растенија кои сакаат калциум, како што се доматите, спанаќот, лукот и розите. Пред да ги засадите овие растенија, додајте четвртина чаша пепел од дрво во почвата.
Исто така, кога ќе измешате просеана пепел со вода и ќе го оставите растворот да отстои неколку дена, после процедувањето ќе добиете одлично средство за чистење. Одличен е за чистење на ‘рѓа од облека, подови, сребрени и мермерни површини.
Направете паста од пепел во прав и малку вода за да ги отстраните дамките од мебелот. Покрај тоа, „сапунот“ од пепелова вода е одличен за луѓе со мрсна коса.
Пепелта е одлична за отстранување на непријатните мириси во становите и фрижидерите, делува како оцет и може да се користи за „отстранување“ на мирисот на некоја застоена храна.
Одредени штетници, како што се полжавите и разните инсекти, не поднесуваат пепел, па со помош на овој „отпад“ можете лесно да ги елиминирате. Истото важи и за мравките – посипете го мравјалникот со пепел и мравките веднаш ќе си заминат.
Малку пепел во аглите на вашиот подрум е корисна, бидејќи одбива стаорци, лебарки и други предатори.
Пепелта е алкална бидејќи содржи 70% калциум карбонат. Затоа може да се користи за подобрување на квалитетот на почвата, особено онаа која станала кисела. Наместо да ја фрлите пепелта во ѓубре, наросете ја врз киселата почва. Еве како да проверите дали вашата почва е алкална или кисела:
Ставете две лажици земја во еден сад и додајте половина чаша оцет. Ако во смесата почнат да се појавуваат меурчиња, тогаш имате алкална почва.
Ставете две лажици земја во еден сад и прелијте со дестилирана вода. Додајте половина чаша сода бикарбона и промешајте. Ако во смесата почнат да се појавуваат меурчиња, тогаш имате кисела почва. Исто така, киселата земја има повеќе црвенкаста боја.
Пепелта исто така, може да ја додавате во купот од компост. Тоа е одличен начин за рециклирање на овој продукт кој се добива со согорување на дрвото. Пепелта ќе го зголеми нивото на калиум во компостот.
Компостот е рудник од хранливи материи за вашите растенија, а се додава напролет кога тие интензивно растат. Со додавање на пепелта како една негова компонента, значително ќе се зголеми нутритивната вредност.
Градинарите долго време ја користат пепелта како заштита на своите билки од штетниците како што се полжавите. Бидејќи пепелта од дрво е природен дехидратор, а телата на полжавите се природно лигави и имаат висок процент на влага, тие нема да можат да поминат преку неа.
Затоа, наросете пепел околу вашите билки, во вид на прстен или направете гранична линија на места каде не сакате да поминуваат полжавите. На овој начин многу брзо и ефикасно ќе ги одвратите од инвадирање во вашата градина и ќе ги заштитите растенијата.
Ако мравките го окупирале вашиот тревник, тогаш наросете пепел на зафатеното место и тоа ќе ги натера да се оддалечат и нема да се враќаат.
Пепелта е благ абразив: помешајте ја со малку вода за да добиете паста. Со оваа паста можете да чистите разни површини, а особено метални. Се користи за полирање на сребро и други метали.
Со согорување на дрвото се добива пепел со која успешно се отстрануваат трагите од моторно масло кои настанале на бетон или асфалт. Едноставно, само наросете пепел врз дамката и оставете ја неколку часови да се впие во маслото, а потоа исчеткајте и исплакнете со вода или изметете.
Кога пепелта ќе се помеша со вода, се добива пепелна вода која има својства на течен сапун. Може да се користи за перење на коса, а особено делува како лек против првут. Пепеловата вода некогаш се користела за перење и избелување на алиштата.
Можете да направите и домашен сапун од пепел, така што најпрво ќе го измешате со вода за да добиете пепелова вода. Потоа додавате маснотии во соодветна форма и есенцијална масла за мирис. Со готвење и мешање се добива домашен сапун.
Дрвената пепел е алкална, исто како сода бикарбоната, што значи дека ја апсорбира влагата и мирисите од воздухот. Во еден мал сад ставете чиста пепел во фрижидерот или во просторијата каде се чувствува влага или мувла.
Пепелта ќе ги впие мирисите и вишокот влажност од таа просторија. Ова е одлично за влажни подруми или лошо проветрена бања.