Фонолошко пелтечење
Физиолошкото пелтечење е повторување на почетните гласови, слогови и зборови за време на говорот. Врзано е исклучиво за периодот на говорниот развој, односно на возраст помеѓу 2 до 5 години од животот.
Децата во овој период не говорат течно ги повторуваат гласовите, слоговите, зборовите си помагаат со его централниот глас или со други реченици, ги продолжуваат гласовите, не ги спојуваат зборовите во реченици.
Овој вид на пелтечење под нормлани околности исчезнува само од себе. Физиолошкото пелтечење се јавува во периодот помеѓу 2 и 3 година, а ако не се реагира на него повремено исчезнува.
Некои симпроми на пелтечењето може да се јават и околу 5-тата година заради случувањата на околината, честото прашување, односно интензивното доживување на надворешниот свет. Во тој период многу е важен односот на родителите и околината кон детето и неговиот говор. Трпението, добар говорен пример, забавен и смирен говор со детето е вистинскиот пат за правилен развој и течен говор.
Примарно пелтечење
Помеѓу физиолошкото пелтечење кај мали деца и нефлуентниот говор не постои некоја голема разлика. Повторувањето на слогови со тензија и без тензија е прв критериум за диференцирање на дијагноза помеѓу нефлуентен говор и примарно пелтачење.
Друг услов е детето да не биде свесно за своето поре-метување. Van Rajper кажал дека првите знаци на пелтачење се јавуваат кога детето е во развојна кон-фузија. Неговиот говорен развој се совпаѓа во исто време кога мора уште да внимава на своите чекори и да стекне други моторни способности.
Примарното сè уште не е вистинското пелтечење, детето и понатаму не е свесно за својот неправилен начин на говор, не се напрега во говорот, ниту го избегнува. Процесот на комуникација не е отежнат, иако таквиот говор го привлекува вниманието на слушателите.
Заостанувањето во говорот е почесто отколку при физиолошкото пелтечење. За разлика од физиолошкото пелтечење каде често доаѓа до повторување на зборови и фрази, кај примарното пелтечење почесто се повторуваат гласовите и слоговите.
Гр-чевите кои се присутни во овој облик на пелтечење, се од клоничен тип, што значи дека детето без никаков напор ги повторува елементите на говорот. Децата со примарно пелтачење е потребно да се вклучат во индиректна терапија преку своите родители. Van Rajper укажал дека помеѓу примарниот и секундарниот тип на пелтечење постои транзитен (преоден) облик на пелтечење.
Транзитно (преодно) пелтечење. Транзитното пелтечење има две карактеристики:
I Пелтечењето е почесто и напорно. Тензијата на мускулатурата е зајакната, а траењето на самиот гр-ч е продолжена
II Детето станува свесно за своите говорни потешкотии и почнува да покажува знаци на непрепознавање за да ги совлада гр-чевите.
Транзитното пелтечење не е константно. Повремено се јавуваат периоди на добар говор, па дури и исчезнување на сите симптоми за пелтечењето. Ако се појави транзитно пелтечење веднаш треба да се пристапи кон говорна корекција.
Секундарното пелтечење е вистинско пелтечење, карактеристики на ова пелтечење се:
-Кај овој вид на пелтечење се јавува напнатост на мускулатурата на целото тело, а посебно на говорните органи; детето кое пелтечи почнува да се плаши од говорот и поедини говорни ситуации; се развива свест за сопствената личност како и за личноста која пелтачи;
Потоа, се јавуваат тикови и одбрамбени движења; се развива дискри-минација помеѓу дишењето, фонацијата, артикулацијата, говорно – мисловниот тек; пелтечењето има повратно дејство врз психата на детето поради која се отвара синџир на ст-рав од говорење – појако пелтечење, појако пелтечење – поголем ст-рав од говорење.
Секундарното пелтечење оди со општа мускулна напнатост на целото тело, посебно на говорните органи, страв од говорење и поедини говорни ситуации, појава на одбрамбени движења, неусогласеност помеѓу дишењето, фонацијата, артикулацијата и говорно –мисловниот тек и длабоката свесност за себе и за личноста која пелтечи.
Абруптно пелтечење
Под абруптно пелтечење се подразбира ненадејна појава на пелтечење, која може да се појави во секој животен период, но не е карактеристично за многу рана возраст. Абруптно пелтечење може да се јави нагло, одеднаш и тоа само во првите недели.
Ако при абруптно пелтечење родителите веднаш се обратат за помош во текот на првите две ндели, пред да почнат да делуваат факторите на учење и факторите на супраструктурата, говорот за многу кратко време ќе се нормализира.
Рехабилитацијата на ваквите случаи бараат максимална ангажираност на логопедот! Овој вид на пелтечење се јавува како резултат на патолошки покачена емоционална реакција на личноста на физичка и психичка тра-ума, затоа што говорот е слаба точка на таа личност.
Акутното пелтечење е акутно доколку се јави во период од 7 – 14 дена од настанувањето, затоа што во тоа време уште не се развило научено однесување и други пропратни симтоми. / Текстот е преземен со дозвола од редакцијата на Доктори.мк