Пеларгонија, лат. Pelargonium, потекнува од Јужна Африка, а најпогодно место за раст и развој, се сончеви места со полусенка.
Пеларгонијата е многу омилена домашна и балконска билка која е присутна со многубројни видови, облици и бои. За оваа билка порано се користеше називот геранија.
Пеларгонија, Мушкатла или сардела е цвеќе кое е познато по својата отпорност. Ја карактеризираат исправени меснати гранчиња со темнозелени листови кои на ивиците имаат карактеристичен темнозелен прстен.
Пеларгонија доаѓа во бела, жолта, розова, црвена, виолетова и портокалова нијанса. За раст и е потребно сончево место, но заштитено од директно пладневно сонце и добра дренажа. За да расте убаво, задолжително отстранувајте ги прецветаните цветови и пожолтените листови за да не се развие болест.
Пеларгонијата редовно полевајте ја, но потребно е да оставите супстратот да се засуши помеѓу двете залевања.
Во различни временски периоди, домашните сардели бараат различна нега.
Од почетокот на пролетта па до крајот на летото, при полевање на ова цвеќе, во водата треба да се додава малку прихрана која ќе се базира на фосфор кој благотворно делува на цветањето.
Обратете внимание дека во прихраната треба да има минимален процент на азот, бидејќи сарделите може да престанат да цветаат.
Во текот на летото сарделите сакаат свеж воздух, па изнесете ги на балконот, или во градината.
На почеток, со промена на местото, кај сарделата може да се појави опаѓање на листовите, а цветот малку ќе боледува. Но потоа ќе бидете пријатно изненадени.
Има еден рецепт за прихранување на сарделите, а се приготвува од една капка јод и еден литар вода. Овој раствор не смее да се полева директно во коренот бидејќи може да го “изгори” , туку само околу него, во земјата. Бидејќи добивме коментар со негативно искуство од наша читателка, овој рецепт повеќе не го објавуваме.
Најдобро е прихраната да ја купувате од Земјоделска аптека или од цвеќарница.