Home СЛАТКО ЏЕМ МАРМАЛАД Пекмезот од сливи на свекрва ми…Рецепт за сите пофалби…

Пекмезот од сливи на свекрва ми…Рецепт за сите пофалби…

Пекмезот од сливи на свекрва ми…Рецепт за сите пофалби… Ако сакате да си направите пекмез или џем од сливи, ова е одличен рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг сливи
1-1.5 кг шеќер
2 лимони
200 мл рум
3 кесички ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

1.Сливите измијте ги, исцедете ги и отворете ги на половинки за да ги извадите семките.

2.Во широкот тенџере во кое ќе го готвите пекмезот ставете ред сливи, ред шеќер и сѐ така додека сѐ да потрошите.

3.Оставете преку цела ноќ на ладно.

4.Гответе на средно ниска температура.

5.Кога смесата ќе згусне додајте лимон излупен и исечен на тркалца.

6.Пред самиот крај од готвењето додајте го румот. Сварен е кога од кутлачата паѓа во парчиња.

Џем од сливи печен во рерна, без мешање и прскање, на најлесен начин…

7.Сипајте во стерилизирани и загреани тегли и оставете ги во млака рерна (на 90 или 100 степени) 30-60 минути за да се фати коричка одозгора и да се пастеризира.

8.Оладениот пекмез одозгора посипете го со лажица шеќер, затворете со нцелофан натопен во рум и добро затворете со капак.