Не сте ги пробале тиквичките на овој начин…Со денови ги правам вака, не можам да престанам да ги јадам…Рецепт на Јелена од каналот Јеца Сваштарица.
Ваков ручек со тиквички не сте пробале! Печени тиквички со домати, павлака и кашкавал…на ништо поубаво нема да наидете денес.
Ова е рецепт за лесен ручек кој се подготвува за неполни 10 минути, а после се става на печење. Се прави многу лесно, а ќе им стане на сите омилено јадење, јас го подготвувам со денови, затоа што на сите ни е многу вкусно.
Потребни состојки: 3 домати, 2 тикциви, 200 г кашкавал (100 г тенко исечкан и 100 г рендан), 200 мл неутрална павлака или цврст јогурт, 1 кесичка зачини со 4 видови сирење (опционално), од зачини: босилек, оригано, лук во прав..
Постапка: Исчистете ги доматите под млаз ладна вода, извадете им ја срцевината, па исечете ги на кругови со средна дебелина. Истото повторете го и со тиквичките.
Потоа земете огноотпорен сад со средна или помала големина, па започнете наизменично да ги редите тиквичките и доматите додека да ги потрошите состојките.
Одозгора посипете 1 лажичка оригано или некој друг зачин по желба. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Потоа започнете со подготовка на сосот. Во подлабок сад додајте ја неутралната павлака, околу 200 мл.
Потоа додајте 1 ќесичка зачин со 4 сирења (опционално). Овој зачин е конкретно наменет за подготовка на сос за тестенини, може да се најде во сите маркети.
Во павлаката додајте и 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка босилек, па добро промешајте. Помеѓу тиквичките и доматите наредете парчиња 100 г тенко исечкан кашкавал.
Одозгора сипете го преливот и одозгора распоредете уште 100 г изрендан кашкавал. Ставете да се пече додека убаво да зарумени.
Потребно е да се пече околу 30 минути, во зависност од јачината на рерната. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ. Посен ручек со тиквички во сос од павлака, нема поубаво. Потребни состојки: 1 голема тиквица, 1 главица карфиол, половина главица кромид, 200 г праз, 1 стебленце целер, 125 мл маслиново масло, 4 – 5 чешниња лук, 550 мл вода. Од зачини: сол, црн и бел пипер + презла за наросување.
Постапка: Тиквицата, кромидот, празот и целерот исечете ги на коцки. Ставете ги на пржење да се динстаат околу 10-тина минути на умерена температура. Додајте сол по вкус за да се ослободат течностите.
Потоа додајте 550 мл вода и варете додека зеленчукот да омекне. Зачинете и тргнете од рингла. Карфиолот исечете го на цветчиња и прелијте го со солената, врела вода. Оставете да отстои 7 – 8 минути, а потоа процедете и прелијте го со ладна вода.
Наредете го карфиолот во плех и зачинете по вкус. Посебно испасирајте го мекиот зеленчук кој претходно во варевте додека да добиете хомогена кремаста смеса, па рамномерно распоредете преку карфиолот.
Чешнињата лук не ги сечете целосно, туку само по средина за полесно да го испуштат нивниот сок. Ставете во секој агол од плехот и по средината. Одозгора наросете со презла и посолете доколку е потребно и печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека да добие румена боја.