Печените крилца се гурманско јадење, за вистински мераклии, зашто се јадат со раце. Нема кој не го обожава нивниот вкус, особено доколку се печени на скара. Она што ги прави специфични е маринадата во која отстојуваат за да го добијат оној неодолив вкус.

рецепт 2

За вас подготвивме неколку предлози, зашто не можеме да одлучиме кој е највкусен, а вие одберете го оној кој најмногу ви одговара. Се печат во рерна, но добиваат вкус како да биле печени на скара. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (на Мајда Х) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг пилешки крилца, 1 лажица сенф, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка мед, сол, црн пипер, сув зачин (вегета) по вкус, 1 лажичка слатка мелена црвена пиперка, сок и рендана кора од 1 лимон

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 (на „Кујна за 10“) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: пилешки крилца, 2 лажици мед, сок од 1 лимон, сол, црн пипер, зеленчуков зачин (течна вегета) по вкус, слатка пиперка во прав

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 (на Маја Митиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кеса пилешки крилца „Перутнина Птуј“, 2 лажици мед, 2 лажици кечап, 2 лажици сенф, 1 лажица балсамико оцет, 1 лажиче чили во прав или лут буковец, сол и зачини: сув зачин (вегета), кари, црн пипер, рузмарин, магдонос, лук во прав, 100 мл (1/2 чаша) вино

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: пилешките крилца исчистете ги, измијте ги со ладна вода и исушете ги со хартиена салфетка. Ставете ги во еден подлабок сад. Сите потребни состојки за маринадата измешајте ги и додајте ги во крилцата.




Добро промешајте, најдобро со раце, за да се обложат сите крилца подеднакво од сите страни, па садот покријте го со фолија или капак и оставете го во фрижидер најмалку неколку часа, а најдобро преку цела ноќ за да се впијат сите вкусови.




Во длабока тепсија ставете хартија за печење, па наредете ги крилцата и ставете да се печат во претходно добро загреана рерна на 250 степени додека убаво да заруменат. Во текот на печењето превртете ги крилцата за да се испечат рамномерно од двете страни. Следи постапката за вториот рецепт за кој има видео презентација:




ПОСТАПКА за рецепт 2: крилцата исперете ги под млаз ладна вода и добро избришете ги со салфетка. Потоа залинете ги со масло, сол, црн пипер, зачини по желба и вкус, како и две лажици мед и сок од еден лимон. Доколку имате димена зачинска пиперка во прав задолжително употребете ја, затоа што токму таа дава неверојатен шмек на скара.




Добро измешајте ги крилцата и оставете ги покриени во маринадата да отстојат во фрижидер до употребата, најмалку неколку часа или најдобро преку цела ноќ. Рерната загрејте ја на 220 степени, а плехот обложете го со хартија за печење.




Крилцата наредете ги едно до друго, да не се преклопуваат, па ставете ги да се печат 20-тина минути. Потоа извадете ги од рерна, внимателно превртете ги од другата страна и вратете ги да се допечат уште 20 минути.




По желба месото дополнително запечете го уште малку на горен грејач за да добие крцкава коричка. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи третиот рецепт на Маја, според кој крилцата добиваат шмек како да се карамелизирани и сите ги обожаваат како најдобро мезе:




ПОСТАПКА за рецепт 3: Крилцата се мијат убаво и се сушат со салветка. Потоа се солат по вкус и се тpијат со зачините. Во посебен сад се мешаат мед, кечап, сенф, балсамико оцет и чили во прав. Се премачкуваат крилцата убаво од сите страни и се редат во тепсија обложена со хартија за печење.

Се наросува малку масло и се полева половина чаша бело вино (или какво имате). Се печат во загреана рерна на 200-220 степени додека да заруменат.