Вкусен, здрав и евтин десерт. Може да се јаде како таква, а од тиквата може да се прават и убави колачи, чорби и други јадења. Вие одберете го начинот кој најмногу ви одговара.

ЦЕЛА ТИКВА

Се пече цела тиква, нелупена без да се сече. Потребно е однадвор убаво да се измие, со нож или вилјушка да се избоцка по целата површина, да се стави на тепсија и да се пече околу еден час на 200 степени. Ако е поголема, можеби и малку подолго време. Кога е готова, исечете ја на половина, извадете ги семките и искористете ја за разни рецепти.

ТИКВА НА ПАРЧИЊА

Измијте од надворешна страна, исечете ја на парчиња, наредете ги врз плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 40 минути.

Послужете ја топла, наросена со шеќер или мед. Исто така може да послужи за подготовка на разни јадења и колачи.

ТИКВА НА КОЦКИ СО ПУТЕР

Излупете ја тиквата, исечете ја на коцки, наредете врз тепсија, наросете со растопен путер, шеќер и цимет. Се пече исто на 200 степени околу 30 минути.

За подетални информации погледнете го видеото: