Ова е интересен начин за приготвување на рибата со која сите ќе ги воодушевите, па дури и најпребирливите гости.
Потребни состојки:
500 г морска риба
1 кг крупна морска сол
2 белки
1 лимон
Зачини по желба
Постапка:
Рибата исчистете ја, но и ги вадете крлушките.
Белките изматете ги па промешајте ги со сол, а половината истересете ја во тепсија.
Ставете ја рибата во која сте наредиле парчиња лимон и зачини по желба.
Прекријте ја рибата со остатокот од солта.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.