Класичниот рецепт се состои од 3 чаши шеќер, 1 чаша млеко и 1 чаша мелени ореви. Најпрво се топи една чаша шеќер додека да се карамелизира, па потоа се залева со една чаша млеко и се остава на потивко да се раствори.
Па, дури потоа се додаваат останатите две чаши шеќер и се меша додека да се растопи и почнат да се создаваат меурчиња. Се готви уште минута-две, па се трга настрана и се додаваат оревите, се меша и се излева врз хартија или мокра тепсија, не премногу тенко. Се остава да се исуши и стегне. Рецепт на Мирела.
или 1 кг шеќер, 250 мл млеко, 200-250 г секани/мелени ореви (растопете 250 г шеќер додека да се карамелизира, па сипете го млекото и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте ги остатокот од 750 г шеќер и од моментот на зовривање мешајте 5-15 минути.
Тргнете настрана и додајте ги оревите. мешајте уште некое време за добро да впијат оревите, 10-15 минути за да се олади. Смесата сипете ја во тепсија 28 см обложена со хартија и оставете да се олади и стегне. Рецепт на Семи.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 мали чаши шеќер (од 150 мл), 1 чаша млеко, 1 лажица брашно, ореви по вкус (околу 50 г)
ПОСТАПКА: Во тавче ставете една чаша шеќер и стопете го на највисока температура. Кога шеќерот ќе се карамелизира, додајте 1 чаша млеко и уште 2 чаши шеќер. Треба да се промешува, а кога ќе почне да врие, намалете ја температурата.
Мешајте уште 2 до 3 минути. Тргнете го од оган и продолжете да мешате. Додајте ги мелените ореви и брашното и мешајте уште 4 минути. Измешајте уште малку, па смесата распоредете ја врз хартија за печење.
Испечениот шеќер развлечете го врз хартијата со дебелина по желба и оставете да се излади. Кога ќе се олади и стврдне, само искршете го или исечете го на коцки и послужете го со кафе.