Веднаш ќе го засакате овој колач и често ќе правите поради неговата едноставност. Состојките се мерат со чаши и не може да погрешите со овој рецепт. Не мора да чекате колачот да се лади со часови во фрижидер, туку може да го послужите и само после еден час откако се испекол.
Не е премногу сладок и одличен е за сите љубители на „плазма“ вкусот. Додека го јадете секој залак се топи во уста. За мерење се користи јогуртна чаша од 180-200 мл. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех 20х30 см, се пече на 180 степени, 40 минути): 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 2,5 чаши мелена плазма бисквити, ½ кесичка прашок за печиво, 2 чаши млеко, 1 чаша масло, 1 супена лажица какао. За глазура: 150 мл слатка павлака и 100 г чоколадо (или премачкајте само со нутела или некој друг крем и наросете мелена плазма)
ПОСТАПКА: Најпрво одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со миксер, а потоа постепено додавајте го шеќерот и матете непрекинато додека тој да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег.
Во изматениот снег од белки започнете една по една да ги додавате жолчките додека непрекинато матите (може и соте одеднаш да ги додадете, но смесата останува поубава ако се додаваат една по една).
Во изматените јајца додајте го маслото во тенок млаз, а потоа и млекото, па промешајте за да се изедначи смесата. Настрана во посебен сад промешајте ги сувите состојки: во брашното додајте го прашокот за печиво, а потоа просејте го.
Додајте го и какаото, па уште малку изматете, а на крај додајте ја мелената плазма. Изедначете ја смесата која е малку поретка од вообичаено, но така треба да биде, после печењето се добива многу сочен колач.
Подгответе го плехот со димензии 20х30 см и обложете го со хартија за печење, малку намастена, па во него излејте ја смесата, протресете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути.
Додека се пече бисквитот, направете ја глазурата: во помал сад искршете го чоколадото на коцки и додајте ја слатка павлака, па на многу тивок оган растопете додека да се соединат (внимавајте да не ви зоврие).
Печениот биксвит извлечете го од хартијата, а потоа вратете го во плехот каде се печеше и прелијте го со глазурата. Одозгора наросете го обилно со мелена плазма. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.