Дали сте го приготвувале овој колач? Не чекајте ни минута, сите состојки кои ви се потребно веќе ги имате во вашата кујна. Не смеете да го пропуштите, а рецептот споделете го со вашите пријатели. Печен колач со пудинг од ванила, во презентација на Ивана од „Шерпица“.
Потребни состојки: 4 јајца, 8 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 15 лажици млеко, 10 лажици масло, 15 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г). И уште: 700 мл млеко, 2 пудинзи од ванила, 5 лажици шеќер. По желба може ситен шеќер за наросување, некое овошје, шлаг…
Постапка: пред да започнете да го приготвувате овој колач, вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Подгответе калап или плех со димензии 35х20 см: намастете го со малку масло и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.
Во подлабок сад скршете четири јајца претходно оставени на собна температура и пенасто изматете ги со електричен миксер. Откако ќе запенат, во јајцата додајте осум лажици кристал шеќер и две кесички ванилин шеќер. Продолжете да матите со миксерот додека шеќерот да се растопи.
Смесата ќе осветли, ќе згусне и ќе стане кремаста, за што е доволно околу 2 минути матење. Потоа додајте 15 лажици млеко, 10 лажици масло за готвење, 15 лажици брашно и една кесичка прашок за печиво (10 г).
Изматете со миксерот најпрво со послаба брзина, а потоа и со појака додека да се разбијат сите грутчиња и смесата да стане хомогена и мазна. Половина од тестото за пандишпан излејте го претходно подготвениот плех и рамномерно распоредете го. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10 минути.
Половина литар млеко ставете во тенџере, а 200 мл млеко во посебен сад каде ќе додадете 80 г пудинг (две кесички) и 5 лажици шеќер. Добро разматете да нема грутчиња, па кога млекото во тенџерето ќе зоврие, намалете ја температурата и додајте го разматениот пудинг со постојано мешање.
Мешајте без прекин додека пудингот да се свари и згусне. После 10 минути печење на пандишпанот, осносно кога сте сигурни дека е фатена кора (проверете внимателно со дланка), лажица по лажица распоредете го врелиот пудинг врз врелата кора и убаво израмнете.
Врз пудингот излејте ја втората половина од тестото, и исто така израмнете. Беколку пати потчукнете го плегот за убаво да се израмни смесата и да излезат евентуалните воздушни меурчиња. Вратете да се допече во загреаната рерна уште околу половина час.
Печениот колач извадете го рерна и оставете го малку да излади, па одозгора наросете го со ситен кристал шеќер. Можете да го послужите, а колачот е толку многу нежен, што ќе ве воодушеви со својот вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.